Викендов на патеката Јаница во соседна Грција се возеше првата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, а во најсилната класа МХ1 нашиот Христијан Илиоски го освои третото место.

kiko 3 janica

Викендов на патеката Јаница во соседна Грција се возеше првата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, а во најсилната класа МХ1 нашиот Христијан Илиоски го освои третото место.

Илиоски возеше со ланскиот мотор, без соодветна подготовка и со многу проблеми но сепак успеа да дојде до две трети места на трките и со тоа на крајот да се искачи на пиедесталот. Во првата трка конкуренцијата на Илиоски имаше одличен старт заради јачината на моторите па беше невозможно тој да ги стигне до крајот на трката која се возеше по каллива подлога. Во втората трка иако имаше послаб старт Илиоски до крајот успеа да помине повеќе возачи и да дојде до втората позиција, но за жал на 2 круга пред крајот неговиот мотор едноставно изгасна па тој мораше да се задоволи со третата позиција и во оваа трка.

10956033 816116538468986 5102091954052343797 n

Во истата класа настапи и нашиот Гоце Томовски. Тој имаше фантастичен старт на двете трки избивајќи на првата позиција но лошата патека и недоволниот тренинг си го направи своето па на крајот финишираше на седмата позиција.

 tomovski mx1 janica

Во класата МХ2 Јуниот Адријан Ристевски се пласираше на 12-та позиција, а Ангел Ристов го прокнижи првиот бод за себе на ИЕШ. Во бодувањето за МХ2 класата Ристевски ги забележа првите три бода. Ова беше одличен настап на нашите млади возачи кои за прв пат во оваа класа без соодветни подготовки успеаа да донесат бодови за МФМ.

adrijan mx2 janica

Во класата МХ претставникот на МФМ од Грција Петрос Танусис имаше одличен настап, тој постојано беше во предниот дел од колоната и се обидуваше да се избори за повисоко место, а на крајот Танусис заврши како шестопласиран. Во оваа класа својот прв настап го имаа и Јован Стојков, Васко Киров и Саше Трајков кои иако не прокнижија бодови сепак собраа големо искуство за следниот настап.

borce mx3 janica

Забележителен настап имаа и нашите претставници во MXV класата во која силите си ги одмерија Борче Костов и Мирче Ќорнаков. На крајот од рундата тие се со ист број бодови (по 30) на 5-та и 6-та позиција. Во однос на бодовното салдо ова е долично за Костов кој има намера да го вози целиот шампионат и да го повтори успехот од минатата година кога на крајот беше третопласиран.

mxv janica

Во класите МХ65 и МХ85 кои се бодуваа за Европскиот мотокрос шампиона Македонија немаше свои претставници.

Back To Top