Серез ќе добие нов асвалт, а во Македонија не се ни спомнува изградбата на тркачка патека од која бенефит би имале сите.

Општината Серез ја привршува процедурата за избор на изведувач кој ќе го замени асвалтот на тркачката патека. Според информациите изведувачот ќе треба да изврши замена на постоечкиот асвалт односно негово отстранување во длабочина од 3цм и поставување на нова подлога. Техничката спецификација предвидува поставување на битумен со застапеност од 65% и високо квалитетен (не лизгачки) асвалт со ознака PmB 25/55-80 со кој се карактеризираат сите познати светски тркачки патеки.

trening motori 134

Вредноста на проектот изнесува 450 илјади евра со кој патеката ќе добие нов лик и асвалт кој ќе гарантира максимален грип. Проектот ќе биде реализиран во 2020 година, а освен асвалтот менаџментот размислува и за надградби на инфраструктурата со што Серез ќе остане патека број 1 за сите возачи од Грција и Балканот.

За разлика од грците кои постојано вложуваат во оваа патека кај нас состојбата сè уште е статус кво. Најавата за отворање на приватна патека во близината на Кавадарци е во застој заради политичките лавиринти и немањето можност да се добие дозвола за градба, а најавата за изградба на државна патека остана на најава. Челниците во МФМ би требало да го искористат периодот во кој премиерот е моторџија и има разбирање за нашите потреби па да извршат притисок конечно во Македонија да се изгради тркачка патека.

Придобивките од тркачката патека се огромни, од вработувања, до зголемувања на туризмот и секако зголемување на безбедноста во сообраќајот. На патеката во Грција постојано сме сведоци на возачи кои патуваа од сите балкански земји на дневни возења, но тука се и организирањето на шампионати. Романците на патеката Серез возат трки од Романскиот шампионат, а доколку би имало патека во Македонија сигурно дека би ги намалиле трошоците. Истовремено во околните земји нема друга патека на која може да се возат трки па можеме слободно да кажеме дека патеката во Македонија би била сврталиште на сите возачи од Србија, Бугарија, Албанија па и од Грција.

Изградбата на тркачка патека во Македонија ќе придонесе за намалување на дивеењето по улиците, едукација на млади возачи и место на кое ќе можат да се организираат повеќе авто-мото настани. Конечно би добиле домашен шампионат во брзински мотоциклизам, трки на 400 метри, трки со скутери и супермото, односно целосен подем на македонскиот мото спорт.

Се надеваме дека надлежните ќе најдат слух за проблемот со кој се соочуваме подолго време и ќе превземат конкретни мерки за изградба на тркачка патека во Македонија.

САКАМЕ ПАТЕКА!

Back To Top