Викендов на патеката Тројан во Бугарија се возеше осмата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос на кој Македонија имаше двајца претставници - Христијан Илиоски и Борче Костов.

Викендов на патеката Тројан во Бугарија се возеше осмата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос на кој Македонија имаше двајца претставници - Христијан Илиоски и Борче Костов.

kiko-borce

Осмата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која се возеше на патеката Тројан во Бугарија помина релативно успешно за нашите претставници. 

Во најсилната класа МХ1 Христијан Илиоски имаше проблеми со моторот, поточно проблеми со бандажот заради кој на крајот на двете трки забележа само четврто место иако на квалификациите и на тренинзите имаше најдобар резултат. Возењето на Кико како и до сега не беше проблем за неговиот успех туку немањето финансиски средства кои ќе можат да го следат неговиот талент. Доколку Кико имаше средства по првата трка да ја санира штетата на моторот ќе се вратеше со уште еден пехар од Источно Европскиот шампионат. На страна од тоа, ќе се доближеше повеќе до неговиот ривал Романецот Адријан Радута во генералниот пласман што ќе значеше и можност за борба за првата позиција.

Во ситуација во која Илиоски сам се финансира и резултатите се базираат само на неговиот неспорен талент и квалитет како возач, можеме да кажеме дека двете четврти места во Тројан се одличен резултат. Илиоски останува на втората позиција во генералниот пласман, а до крајот на шампионатот остануваат само уште три рунди (шест трки).

Нашиот втор претставник во класата МХ 3 и МХ Ветерани Борче Костов забележа две 11-ти места, кои му донесоа нови 20 бодови на неговото конто, па така во генералниот пласман со вкупно 216 бодови е недостижен за четвртиопласираниот во шампионатот. Преостанатите трки за Костов ќе служат за негов тренинг, а благодарение на успехот кој го забележа во досегашниот тек од шампионатот за Македонија веќе е обезбеден пехарот во оваа класа.

Следната трка се вози на патеката во Прилеп овој викенд, настапот на Костов е сигурен но она што е неизвесно е дали нашиот најдобар кросист ќе се појави на патеката. Илиоски треба да направи сервис на моторот и да набави нов бандаж, па останува да се надеваме дека нашите постојани пишувања за овој проблем ќе наидат на слух кај некој кој ќе помогне во моменти кога е нај тешко. 

Back To Top