На состанокот на Балканската мото унија кој вчера се одржа во хотелот Зира во Белград беа усвоени календарите за трки од Источно-Европските шампионати во брзински мотоциклизам, мотокрос и супермото.

phoca thumb l pleven-2-19

На состанокот на Балканската мото унија кој вчера се одржа во хотелот Зира во Белград беа усвоени календарите за трки од Источно-Европските шампионати во брзински мотоциклизам, мотокрос и супермото.

Според новиот календар за мотокрос во 2015 година ќе се одржат седум рунди (по две трки) за разлика од минатата година кога на календарот се појавија дури 12 рунди. Она што е веднаш воочливо е иземањето на Романија од календарот по настаните кои се случија минатата година, а недостасува и втората трка во Македонија, онаа во Прилеп.

МОТОКРОС
# Датум Патека Земја
Рунда 1 05 април 2015 Јаница Грција
Рунда 2 12 април 2015 Гевгелија Македонија (ОДЛОЖЕНА)
Рунда 3 26 април 2015 Бурса Турција
Рунда 4 07 јуни 2015 Крешево Босна и Херцеговина
Рунда 5 28 јуни 2015 Глобаре Србија
Рунда 6 30 август 2015 Самоков Бугарија
Рунда 7 04 октомври 2015 Тројан Бугарија

Кај шампионатот во брзински мотоциклизам повторно е додадена патеката Батајница во Србија, иако минатата година не се возеше ни една трка во Србија, па ни во Грција, а шампионатот заврши само со три извозени трки во Плевен, Бугарија. Според планот за 2015 година ќе следиме две трки во Грција, по една во Србија и Романија, и 3 трки во Бугарија.

БРЗИНСКИ МОТОЦИКЛИЗАМ
# Датум Патека Земја
Рунда 1 18 април 2015 Серес Грција
Рунда 2 19 април 2015 Серес Грција
Рунда 3 07 јуни 2015 Батајница Србија
Рунда 4 14 јуни 2015 Плевен Бугарија
Рунда 5 12 јули 2015 Плевен Бугарија
Рунда 6 23 август 2015 / Романија
Рунда 7 20 септември 2015 Плевен Бугарија

Почетокот на сезоната во брзински мотоциклизам ќе биде специфичен заради двете трки во еден викенд, според планот рундата ќе започне во петок (17 април) кога ќе има тренинзи и квалификации.

На вчерашниот состанок беше објавен и календарот за шампионатот во Супермото кој за 2015 изгледа вака:

СУПЕРМОТО
# Датум Патека Земја
Рунда 1 10 мај 2015 Арад Романија
Рунда 2 14 јуни 2015 Плевен Бугарија
Рунда 3 12 јули 2015 Плевен Бугарија
Рунда 4 20 септември 2015 Плевен Бугарија

phoca thumb l motokros-prilep-2014-12

На состанокот на БМУ присуствуваше делегација од МФМ, а денеска се закажани и доделувањата за нај успешните тркачи за 2014 на кои Македонија ќе има тројца свои претставници: Борче Костов - Жолт, трето место во класата МХ Ветерани, Христијан Илиоски - Кико, второ место во класата МХ1 во мотокрос и Аргетим Рамадани - трето место во класата 125цц во брзински мотоциклизам.

Минатата сезона по забележителни настапи на меѓународна сцена имаа и Игор Спиров - Зизи кој на крајот го освои 5-то место во конкуренција од 29 возачи во брзински мотоциклизам како и Слободан Ивчески - Цобо кој во супермото финишираше на 7-та позиција.

Back To Top