На состанокот на БМУ во Софија се изгласани календарите за трки од Источно Европските првенства во мотокрос, брзински мотоциклизам и супермото во кои Македонија има свои претставници.

ffm-sostanok-bmu

На состанокот на БМУ во Софија се изгласани календарите за трки од Источно Европските првенства во мотокрос, брзински мотоциклизам и супермото во кои Македонија има свои претставници.

На состанокот кој денеска се одржува во хотелот Москва во Софија (Бугарија) МФМ има тројца свои претставници, Зоран Наумовски - Кизо, Велибор Каевски и Зоран Трајковски, а како дел од делегацијата е и Сашо Николов - Тумац кој треба да го добие пехарот за освоено трето место во брзински мотоциклизам во Бугарскиот шампионат.

На состанокот на БМУ се усвоени календарите за трки од Источно Европските првенства во мотокрос, брзински мотоциклизам и супермото во кои Македонија има свои претставници.

Календар за мотокрос:
kalendar-motokros-eec

Македонската трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која се вози на патеката Милци крај Гевгелија следната година ќе се вози на 6-ти април, а за прв пат ќе се вози и патеката во Прилеп, со што Македонија доби две трки во Источно Европскиот шампионат. Целиот шампионат се очекува да го возат Гоце Томовски и Христијан Илиоски - Кико, но како што и двајцата изјавија, тоа во голема мерка ќе зависи од финансиската поддршка која треба да ја добијат. Во секој случај доколку се е според планот ќе имаме двајца претставници од кои можеме да очекуваме највисоки резултати. Освен Гоце и Кико се очекува настап и на Христијан Станкович, Адриан Ристески, Лука Ристески, Борче Костов - Жолти, Никола Гулевски - Бабуш, Мими Бајовски, Мирче Ќорнаков и Андреј Манчевски.

Календар за брзински и супермото:
kalendar-brzinski-supermoto-eec

На трките од брзински мотоциклизам се очекува учество на неколку наши натпреварувачи. Сашо Николов - Тумац ќе се обиде да го подобри четвртиот пласман на ова првенство од сезонава и на Македонија да и донесе пехар. Во истата класа (SBKS 1000) своето учество го најави и Слободан Ивчески - Цобо, кој освен трките од брзински мотоциклизам ќе вози и супермото трки од Европското првенство. Во оваа класа своето учество го најави и дебитантот Сашо Стоилковски - Ѕвер. Во повисоката класа Superstock наш преставник ќе биде Ефтим Вељаноски. Игор Спиров - Зизи веќе од сега се подготвува за настап во класата до 600цц во Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Фото: Зоран Трајковски

Back To Top