motori IlioskiMx3Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски во рамките на седмиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос во класата МХ3 за 2012 година кој се одржа на 1 јули на патеката во Шенквице, Словачка успеа во второто возење да стигне до 20 место и освои 1 бод со што испиша нова страница во македонскиот мотоциклизам. Имено тој е прв македонски учесник во натпревар од Светскиот шампионат кој освоил бод.

 

ilioskimx3

Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски во рамките на седмиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос во класата МХ3 за 2012 година кој се одржа на 1 јули на патеката во Шенквице, Словачка успеа во второто возење да стигне до 20 место и освои 1 бод со што испиша нова страница во македонскиот мотоциклизам. Имено тој е прв македонски учесник во натпревар од Светскиот шампионат кој освоил бод.

После 28 место во Хрватска и 24 место во Словенија, Илиоски ја оствари целта за оваа сезона да биде помеѓу најдобрите 20 пласирани.

Поради поголем број учесници од пропусната моќ на патеката која за сите патеки од светскиот шампионат е 40, за време на саботните тренинзи учесниците беа поделени во две групи од 21 натпреварувач. Илиоски успеа од сесија во сесија да го подобрува своето најбрзо време на круг и да има 14 време во својата група, односно вкупно 30 време во квалификациите. Најбрз беше Словенецот Клемен Герчар пред својот сонародник Матевж Ирт.

Во првата неделна трка Илиоски успеа да стигне само до 31 место. Победи Мартин Михек (Чешка) пред Герчар и Михаел Стауфер (Австрија).

Во втората трка, македонскиот претставник го покажа целиот свој потенцијал и се проби до посакуваното место, завршувајќи ја трката на 20 место. Победник повторно беше Михек, овој пат пред Матијас Валкнер (Австрија) и Герчар. Михек со двете победи убедливо беше најдобар и во вкупниот пласман на трката. Место на подиумот заслужија и Герчар и Валкнер.

Во генералниот пласман сеуште води Валкнер со освоени 261 бодови од 7 натпревари. На второто место се проби Герчар со 234 бодови, а трет е уште еден Австриец, Гинтер Шмидингер со 227 бодови. Според утврдениот план Илиоски до крајот на сезоната ќе настапи на уште една трка, на последното Гран при за оваа година предвидено за 23 септември во Германија.

Следниот настап на популарниот Кико го очекуваме веќе на 8 јули кога ќе учествува на третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во Хасково, Бугарија.

Back To Top