Првата рунда од FIM Alpe Adria шампионатот 2026 викендов се возеше на легендарната патека Гробник во Хрватска, а Македонија имаше одличен настап на тројцата возачи: Христијан Бузалковски, Синиша Кочоски и Петре Мијалков.
Трките од Алпе Адриа се бодуваат и за престижниот FIM Europe Superstock 1000 European Cup, што дополнително ја зголемува тежината и конкуренцијата во шампионатот.
Македонците меѓу најдобрите во СТК1000
Во класата STK1000, во која стартуваа вкупно 19 возачи (вкупно 28 мотори на стартот, бидејќи заедно возат класите STK1000 и SBK), а тројцата Македонци имаа стабилен и борбен викенд.
Пласман по првата рунда:
-
Христијан Бузалковски – 5. место, 27 поени
-
Синиша Кочоски – 11. место, 13.5 поени
-
Петре Мијалков – 12. место, 11 поени
Ова е добар старт на сезоната, особено ако се земе предвид силната конкуренција и фактот дека сите три трки беа исклучително брзи и физички напорни.
Бузалковски со три подиуми во Европскиот куп!
Според официјалниот извештај на FIM Europe, Бузалковски имаше извонреден викенд, освојувајќи три подиуми во трите трки од Superstock 1000 European Cup.
Во сите три трки, подиумот беше идентичен:
-
Бартломјеј Морански (Полска, BMW)
-
Гжегож Ханушкевич (Полска, BMW)
-
Христијан Бузалковски (Македонија, BMW)
Полјакот Морански доминираше со три победи, но Бузалковски беше најдобриот од останатите, со силни борби и стабилно темпо во сите сесии.
FIM Europe го опиша викендот како „совршен старт на сезоната“ со драматични завршници и блиски дуели во сите категории.
Кочоски и Мијалков со солидни настапи
Иако не се најдоа на подиум, Синиша Кочоски и Петре Мијалков имаа конзистентни настапи и вредни поени.
Кочоски влезе во топ‑11, а Мијалков веднаш зад него, што е одлична основа за продолжување на сезоната и напредок во генералниот пласман.
Следна станица: Панониа Ринг, Унгарија
Втората рунда од шампионатот ќе се вози на Панониа Ринг во Унгарија, во периодот 12–14 јуни.
Патеката е технички комплексна и бара прецизност, што значи дека македонските возачи ќе имаат нов предизвик, но и шанса за уште подобар резултат.
Резултати:
Сите официјални резултати од трките на Гробник можат да се најдат овде:
👉 https://www.alpeadriamotorcycleunion.com/aaimc/aaimc-results/grobnik-2026/
👉 Standings 2026 - Alpe Adria International Motorcycle Championship




Коментари