MK мотоциклисти на меѓународни трки

Членот на МК Александар, Тодор Христов ќе учествува на Дакар 2013

Todor Hristov 2

Членот на МК Александар од Скопје, Тодор Христов ќе биде првиот учесник со македонска лиценца кој ќе настапува на најпрестижното светско рели – Дакар 2013.

Следете нè на:

 

Todor Hristov 2Тодор Христов со својот четвороцикл

Членот на МК Александар од Скопје, Тодор Христов ќе биде првиот учесник со македонска лиценца кој ќе настапува на најпрестижното светско рели – Дакар 2013.

Христов е пријавен во класата на квадови (четвороцикли) во која има вкупно 39 учесници и на 5 јануари 2013 ќе стартува од Лима (Перу) во првиот од 14 предвидени натпреварувачки денови. „Дакар 2013“ е со должина од преку 8.000 километри од кои половина се специјални брзински испити, а остатокот се поврзувачки етапи. Годинешното рели ќе минува покрај во Перу и низ Аргентина и Чиле, а целта е во Сантиаго на 20 јануари 2013. На листата на учесници се наоѓаат над 450 екипажи во 4 категории: мотоцикли, квадови, автомобили и камиони.

На Тодор Христов ова ќе му биде второ учество на најпознатото рели откако во 2011 година настапи за својата матична земја, Бугарија.

„Навистина уживав во моето прво учество на Дакар, но мора да истакнам дека беше многу тешко. За жал не успеав да стигнам до целта и морав да се откажам по шестата етапа. Во изминатите две години настапив на меѓународните маратонски рели натпревари во Катар и Абу Даби, а на последниот во Мароко го освоив третото место во класата на квадови! Се надевам дека ќе го завршам натпреварот и ќе остварам добар пласман“ – се првичните очекувања на Христов кој веќе се наоѓа на јужноамериканскиот континент и ги врши последните подготовки за настапот.

 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.