Христијан Бузалковски се враќа со пехар за освоено трето место на трката во Плевен!
Христијан Бузалковски се враќа со пехар за освоено трето место на трката во Плевен!
Измешани емоции по трките во од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам кои викендов се возеа во Плевен, Бугарија.
Во класата SP125 настапија тројца македонци: Христијан Бузалковски, Аргетим Рамадани и Марин Сугарев. На крајот нај успешен беше Христијан Бузалковски кој се враќа во Македонија со пехарот за третото место во неговата трета трка. Аргетим Рамадани кој прикажа одлично возење на крајот се враќа со четвртото место, притоа тој доби казната од 10 секунди заради раниот старт на трката. Аргетим Рамадани и Христијан Бузалковски прикажаа одлична борба до самиот крај која на крајот му припадна на Бузалковски. Нашиот трет претставник во оваа класа Марин Сугарев имаше проблеми со својата Априлија и не ја заврши трката.
Во класата F600 нашиот единствен претставник и новајлија, Мартин Динковски не стартуваше заради падот кој го доживеа на загревањето. Варм-ап сесијата за Динковски заврши во последниот круг со пад во кој се здоби со скршеница на прстот на левата рака. Заради повредата на раката но и оштетувањето на моторот тој не беше во можност да настапи на трката и се враќа од Плевен без пласман. Во оваа класа не настапи Слободан Ивчески како и Игор Спиров кој останува најдобро пласиран наш возач во оваа класа.
Во класата F1000 иако беше најавено учеството на Виктор Вешоски тој не отпатува во Плевен па македонската експедиција на крајот остана на четворица учесници.
Заради успехот на нашите мотоциклисти на трките во Плевен, претставниците на МФМА се враќаат со уште еден пехар, Македонија во екипна конкуренција (Тим А) го освои третото место.
Според распоредот, следната трка повторно се вози на патеката во Плевен, на 12-ти јули.
Календар на трки во ИЕШ (брзински мотоциклизам) | |||
# | Датум | Патека | Земја |
Рунда 1 | 18 април 2015 | Серес | Грција |
Рунда 2 | 19 април 2015 | Серес | Грција |
Рунда 3 | 07 јуни 2015 | Батајница | СрбијаОТКАЖАНА |
Рунда 4 | 14 јуни 2015 | Плевен | Бугарија |
Рунда 5 | 12 јули 2015 | Плевен | Бугарија |
Рунда 6 | 23 август 2015 | / | Романија |
Рунда 7 | 20 септември 2015 | Плевен | Бугарија |