Нашиот мотоциклист Христијан Бузалковски викендов ќе настапи на 10-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Нашиот мотоциклист Христијан Бузалковски викендов ќе настапи на 10-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Заедно со својот тим „Ендуро Тим Водно Скопје“ тој ќе биде македонски претставник на патеката Долна Митрополија во Плевен, Бугарија во класата до 125цц. Популарниот Бузо се стреми кон забележување на повисоко место на подиумот и подобрување на пласманот во генералниот пласман.

На четири трки до крајот на шампионатот тој се наоѓа на третата позиција со заостанување од 31 поен зад второпласираниот Милен Георгиев (Бугарија) и 32 поени зад водечката Жулиета Ленкова (Бугарија).

Иако на оние кои го следат низ шампионатот познат им е неговиот начин на возење, народски кажано „оставање срце на асфалт за повисока позиција“, но сепак Бузо вели дека ќе му бидат потребни неколку сесии за да се врати во ритам со моторот и со патеката:

Да, конечно, после два ипол месеци продолжуваме со шампионатот, и секако дека сум пресреќен поради тоа, и ги бројам деновите до почетокот на викендот. За време на оваа пауза, јас и мојот тим се спремавме да бидеме во што е можно подобра физичка и психичка кондиција. Работиме напорно и сакаме да го оствариме нашиот најдобар резултат, и се надевам дека истиот ќе дојде со тек на време. Морам да признаам дека викендов ќе ми бидат потребни две или три сесии за да го вратам првобитниот филинг со моторот, бидејќи не сме се споиле два ипол месеци, но се надевам дека брзо ќе се приспособам на моторциклот и на патеката, и заедно со мојот тим ќе успееме да го направиме добитниот сетап за да извозиме уште една квалитетна трка! - Христијан Бузалковски

До крајот на шампионатот по трката во Бугарија остануваат да се извозат уште две трки во Грција на патеката Серез на 28 и 29 октомври.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.