MK мотоциклисти на меѓународни трки

Брзински мотоциклизам: Бузалковски и Ивчески отпатуваа за Романија

Викендов на патеката Аданката во Романија се вози втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во мотоциклизам.

Следете нè на:

 

Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) и Слободан Ивчески (МК Сакамото) се двајцата македонски возачи кои викендов ќе настапат на двојната трка во Романија.

БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам започна на патеката Серез во Грција пред еден месец, а викендов на програмата е втората рунда во која повторни се возат две трки. На патеката долга 4129 метри правецот е со должина од 960 метри но се постигнуваат помали брзини отколку на Серез. Конфигурацијата на патеката и бројните свиоци не дозволуваат да се развијат поголеми брзини, а станува збор за навистина техничка патека.

Христијан Бузалковски

Бузалковски во првата рунда забележа победа и второ место во класата SP125, а во класата F600 по проблемите со мотоциклот на првата трка, остана без бодови од Грција. За жал и покрај сите напори тој не успеа да го оспособи мотоциклот па во Романија отпатува само со својата Априлија со која настапува во класата SP125. На денешните квалификации тој беше убедливо побрз од конкурентите, па оправдано се очекува негова доминација во Романија и враќање со нови два пехари.

Слободан Ивчески

Во класата F1000 актуелниот шампион Слободан Ивчески ќе има прилика да го поправи учиникот од првата рунда. Тој на патеката во Серез забележа едно седмо и едно четврто место. Патеката во Романија му е добро позната па се надеваме на подобар резултат, и покрај тоа што по денешните квалификации, утрешната трка ќе ја започне од седмата позиција. Ивчески е искусен возач кој сигурно ќе прикаже одлична трка.

На нашите возачи им посакуваме многу среќа викендов, следете не утре и задутре за повеќе информации и резултати од трките.

Би можело да ве интересира

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Драго ми е што прашавте. 138! Претходната верзија, четири-цилиндричната Honda CBR600, според компанијата имаше нешто помалку од 130 коњски сили.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.