Викендов на патеката Серез во Грција официјално започнува новата сезона со првата и втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.
Нѐ очекуваат возбудливи две трки во сабота и недела, временските услови се одлични, тимовите веќе се пристигнати, моторите се подготвуваат, а адреналинот расте уште од првите технички контроли.
Македонија ќе има силна и разновидна претстава во повеќе класи:
-
Слободан Ивчевски – класа F600
-
Петре Мијалков – класа STK1000
-
Лука Луканоски – класа MC-500
-
Сашо Николов – Тумац – класа MOS
Сите четворица влегуваат во сезоната со јасна цел – силен старт, добри времиња на квалификациите и борба за што подобар пласман во двете трки што ги очекуваат.
Денеска програмата започна со административни и технички контроли, а потоа следуваат слободни и квалификациски тренинзи за сите категории. Темпото е густо, а секоја сесија е важна за утре да се застане на стартната линија што понапред.
Следете ги резултатите од сите сесии во живо на: BMU ROAD RACING CHAMPIONSHIP 2026 - S-Timing
Им посакуваме многу среќа, чисти трки и успешен викенд на нашите момци – нека блеснат на патеката во Серез!


Коментари