Во изминатите 6 години бројот на жртви од сообраќајни незгоди се зголемува, додека пак бројот на повредени се намалува.
Бројките од Еропските извештаи за безбедност во сообраќајот говорат дека патиштата во земјава се далеку од безбедни, а Македонија е една од земјите во Европа каде што бројот на настрадани лица завзема голем процент од вкупниот број на мотоциклисти. Бројките од овие извештаи ги вклучуваат сите моторни возила, а ние ја издвоивме статистиката за она што нам не интересира, моторите.
Споредено со изминатите години, бројот на загинати возачи е во постојан пораст, во периодот 2009-2011 бројот на загинати возачи се движеше од 9-11, а во изминатите две години се 14-16. Кај повредените пак се бележи тренд на намалување па така ако во 2009 имаше 510 повредени возачи, во 2014 тој број е намален на 327.
Ако се земе во предвид вкупниот број на настрадани, 2014 е година во која имало 424 мотоциклисти кои биле вклучени во сообраќајни незгоди, во 2013 таа бројка изнесува 499. Позитивниот тренд на намалување на бројот на незгоди сепак е засенет од зголемениот број на фатални несреќи. Има промена и во статистиката во однос на тоа каде се случени незгодите, во 2013 во градски населби загинале 6 возачи и 1 совозач, додека пак во 2014 загинале 9 возачи. Надвор од населено место во 2013 година загинале 8 возачи и 2 совозачи, а во 2014 загинале 7 возачи и 1 совозач.
Табеларно прикажано, црната статистика изгледа вака:
Возачи | Загинати | Повредени | Вкупно |
2014 | 16 | 327 | 343 |
2013 | 14 | 388 | 402 |
Вкупно | 30 | 1375 |
Со-возачи | Загинати | Повредени | Вкупно |
2014 | 1 | 80 | 81 |
2013 | 3 | 94 | 97 |
Вкупно | 4 | 174 |
Постои тренд на намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои се вклучени мотоциклистите, да се надеваме дека тоа ќе продолжи и во следните години, а на сите нам ни останува да се потрудиме да не станеме дел од црната статистика за број на загинати. Затоа, не лудувајте по улиците, возете внимателно и секогаш носете опрема. Не заборавајте дека не е прашање дали, туку кога ќе паднете, а исто така изборот е ваш, дали ќе се потите или ќе крварите?