Корисни текстови

Сакате да го продадете мотоциклот? Внимавајте на оваа класична измама

Кражбите на мотоцикли се во пораст, па затоа кога ќе решите да го продадете мотоциклот, бидете многу внимателни.

Следете нè на:

 

Кражбите на мотоцикли се во пораст, па затоа кога ќе решите да го продадете мотоциклот, бидете многу внимателни.

Поради некоја причина, се уште има луѓе кои наседнуваат на најстариот можен трик.  А тоа е кога го давате мотоциклот на пробно возење без никакво осигурување. Неодамна, еден човек од Австралија го направи токму тоа и на крај остана без својот Ducati 899 Panigale.

Објавувате дека го продавате вашиот мотоцикл, и веќе следниот ден ви се јавува некој и ви вели дека сака да дојде и да го види. Се договарате со лицето кое изгледа заинтересирано за вашата машина и кое тврди дека има доволно пари за да го купи. Но, тој или таа, сака претходно да го проба мотоциклот за да се увери дека е исправен.

motor ukraden

Потенцијалниот купувач пристигнува со автомобил и ви вели дека ќе ја остави колата кај вас во гаража како осигурување дека ќе се врати и ќе го купи мотоциклот доколку се биде во ред. Може дури и да ви ги остави клучевите од автомобилот.

Се изгледа добро, му ги давате клучевите и го гледате лицето како си заминува со вашиот мотоцикл.  После еден час почнувате да станувате нервозни и му се јавувате на човекот. Забележувате дека телефонот е исклучен а исто така и автомобилот што ви е оставен како осигурување го нема.

Се јавувате во полиција и од таму ви велат  дека сте измамени, неговата лична карта е фалсификат а веројатно и автомобилот што ви бил оставил е украден.  Што е уште полошо, и осигурителната компанија нема да ви исплати обештетување бидејќи вие самостојно сте ги дале клучевите.

Следниот пат кога ќе се решите да го продадете мотоциклот, во никој случај немојте да ги дадете клучевите пред да ви бидат исплатени парите што ги барате за него.

Извор: rideapart.com

Би можело да ве интересира

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Драго ми е што прашавте. 138! Претходната верзија, четири-цилиндричната Honda CBR600, според компанијата имаше нешто помалку од 130 коњски сили.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.