Шлемовите се од кинеско потекло и имаат пластика што би се скршила и при најмал удар. Ова им го кажувам на сите мои муштерии, но речиси секој од нив го игнорира предупредувањето и купува евтин шлем од 300 денари само за да се оправда пред полицијата, вели Иван Т., продавач од скопската населба Волково

Шлемовите се од кинеско потекло и имаат пластика што би се скршила и при најмал удар. Ова им го кажувам на сите мои муштерии, но речиси секој од нив го игнорира предупредувањето и купува евтин шлем од 300 денари само за да се оправда пред полицијата, вели Иван Т., продавач од скопската населба Волково

squid

Мотоциклистите во земјава имаат највисок ризик од смртни повреди од сите други учесници во сообраќајот, а токму кај нив е забележан најголем недостиг на квалитетна заштитна опрема, сметаат државните експерти за сообраќај. Според нивните истражувања, најголем број загинати мотоциклисти се на возраст меѓу 25 и 34 години, а забележано е целосно отсуство или несоодветна заштитна опрема, која, ако била користена, сигурно би ги намалила трагичните несреќи. Во една продавница за детски играчки во општината Ѓорче Петров забележавме дека на полиците се изложени неколку шлемови за мотоциклисти, а се продаваат по цена од 300 денари. Го прашавме сопственикот зошто би се продавале шлемови во една ваква продавница, а тој ни одговори дека токму шлемовите имаат најголема побарувачка и најмногу се трошат, оти се законска обврска.

- Тоа се шлемови од кинеско потекло, а пластиката би се скршила при најмал удар. Ова им го кажувам на сите мои муштерии, но речиси секој од нив купува шлем само заради оправдување пред полицијата, а не заради својата безбедност - вели Иван Т. од скопската населба Волково. Исто така, за мислење прашавме и неколку моторџии, кои, секако, не се согласуваат со изборот на евтин и неквалитетен шлем.

- Ставањето шлем е за лична безбедност. Тој што е свесен за опасноста, ќе го прави тоа секогаш кога ќе се качи на мотор. Јас, на пример, честопати сакам да возам без шлем и да уживам во звукот на моторот, проследено со ветерот што ми удира во главата, но секогаш сум свесен за моето изложување на ризик - вели Илија Николовски, моторџија од населбата Влае, кој објаснува дека неговиот шлем е од марката „нолан“, што се смета за еден од подобрите брендови.

- Ако на главата ставите неквалитетен шлем, тоа значи дека воопшто не сте ставиле шлем. Наместо да ве заштити од евентуален удар или пад од мотор, тој може дополнително да предизвика повреди на главата - објаснува Николовски.

Според познавачите, еден квалитетен шлем треба да поседува школка со аеродинамичен дизајн, гумена облога поставена помеѓу штитникот за брадата и школката, која помага да се намали потенцијалната бучава предизвикана од ветер. Исто така, потребен е и систем за вентилација, кој се карактеризира со ефикасни воздушни проводи во внатрешната школка, создавајќи константна циркулација на воздухот во шлемот. Во Националната стратегија за сообраќај, која важи за периодот од 2015 до 2020 година, се вели дека бројот на продадени мотоцикли постојано расте, а во исто време постои несразмерен мал напредок во количеството на продадена опрема за пасивна безбедност.

- Во споредба со сите преостанати учесници во сообраќајот на патиштата, мотоциклистите се соочуваат со највисок ризик од смртоносни повреди и во исто време тие претставуваат голем ризик и за преостанатите учесници во сообраќајот. Најголем број загинати мотоциклисти ѝ припаѓаат на возрасната група од 25 до 34 години. Од сегашните искуства се покажуваа дека несоодветната брзина на возење и неупотребата на заштитна опрема се главна причина за трагични несреќи - пишува во стратегијата.

Во секој случај, носењето шлем е задолжително за сите возачи на скутери и мотори, па доколку пред извесно време имаше мал пропуст во законот, сега полицијата сигурно ќе ве казни ако шлемот го носите на кој било друг начин освен онака како што е наменет, на вашата глава. Носењето шлем е задолжително за возачите на велосипедисти со помошен мотор, мопеди и мотоцикли.

Извор: Нова Македонија 

Back To Top