Во минатото имав продавница за мотоцикли. Иако понекогаш работата ми беше едноставна, од време на време работев на некоја custom или пак тркачка машина.
Но во поголемиот дел од времето едноставно само менував масло и правев мали корекции по барање на клиентите. Нема ништо лошо во тоа а понекогаш слушав и некој неверојатни приказни од потрошувачите.
Во текот на годините се изнаслушав секакви работи и морам да ви признаам дека полоши се возачите на крузер мотоцикли. Јас сум првиот кој ќе признае дека не знае се, но стекнав големо искуство низ годините работејќи на неколку места. Ајде да зборуваме за некои од најинтересните митови поврзани со мотоциклите.
Мит: Побезбедно е кога не ја носите кацигата
Верувале или не, сум имал многу разговори со возачи кои тврдат дека е побезбедно да не ја носите кацигата. Сето ова се должи на неколку сомнитени работи. Многумина сметаат дека послабо гледаат кога ја носат кацигата. Иако обичиот човек има опсег на гледање од 180 степени, DOP бара кацигите да имаат 210 степени видливост. Освен ако немате некој сериозен проблем, тогаш кацигата во никој случај нема да ви пречи.
Други пак велат дека не слушаат добро кога ја носат кацигата. Би сакал да напоменам дека некои од овие возачи гласно слушаат музика во исто време додека возат. Сигурно и сами знаете, кога возите побрзо од 50 км/ч, звукот кој го прави воздухот е многу погласен доколку немате кацига.
„Поголеми се шансите да добиете повреда на рбетот ако носите кацига“ , имам слушнато и вакво мислење. Но едно болничко истражување го побива ова мислење. Но има луѓе кои едноставно не веруваат на експертите. Во тој случај можам да им препорачам еден добар експеримент. Некој нека ве удри со бејзбол палка во глава без да ја носите кацигата.Што ќе ве боли повеќе,главата или вратот? Не треба да се консултирам со никој за да знам што боли повеќе.
Мит: Посилен звук значи поголема моќност
Прво да расчистиме нешто важно. Силниот звук не спасува животи но многу ќе ти помогне ако знаеш како да го возиш твојот мотоцикл. Но пред да се одалечиме од темата ајде да видиме што значи силниот звук кој доаѓа од издувот.
Многумина сметаат дека посилниот звук значи и поголема моќност. Можеби послабиот издувен систем значи и неколку коњски сили повеќе но тоа на крајот не игра голема улога. Ова е добро за на тркачка патека но не е најдобар избор за уличен мотоцикл.
Компании како што се Vance & Hines и S&S Cycle повеќе од 40 години работат на дизајн кој совршено ќе одговара на уличните мотоцикли. Издувен систем кој одговара за мотоциклите со среден опсег ви обезбедуваат повеќе коњски сили и број на вртежи.
Друг мит е концептот „true duals“. Терминот значи дека секоја цевка е независна од цилиндарот на мотоциклот. Но во реалноста, сет на поголеми цевки со „crossover“ помеѓу нив дава подобри резултати.
„ Crossover им овозможува на импулсите да комуницираат меѓусебно“ , вели директорот за развој во S&S Cycles, Хантер Кли. Мотори со различни конфигурации користат „crossover “ цевки во издувот заедно со големи комори за согорување и заеднички проток на воздух.
Мит: Ape hanger рачките се најдобри за управување.
Многу ми се допаѓа кога некој ќе каже дека Ape hanger рачките се најдобри за управување. Има голем број на опции во однос на раките но во речиси сите случаи, тие нема да го направат управувањето подобро. Само затоа што вие се чуствувате поудобно ако рацете ви се 18 инчи над главата, не значи дека мотоциклот подобро ќе с е однесува. Ако овие рачки се најдобри тогаш сигурно и MotoGP возачите ќе ги користеа. Крај на приказната.
Мит: Sportster не е вистински Harley.
Пристапот „Поголемо е подобро“ се чини дека навлегува во сите сегменти од Harley културата и тоа навистина ме излудува. А оваа пристрасност најмногу се забележува кога луѓето зборуваат за Sportster линијата.
Лично мислам дека овие мотоцикли се најдоброто нешто што го има направено Harley-Davidson. Но многумина сметаат дека овие машини се направени за почетници и дека за брзо време треба да се префрлат на поголеми машини. Но ајде да ја видиме математиката. Twin Cam тежи околу 385 килограми, во зависност од моделот. На задното тркало имаме помеѓу 70 и 75 коњски сили а соодносот е 11.33 pounds на една коњска сила. За споредба, Evo 1200 cc Sportster има тежина од 235 килограми и има 55 коњски сили, што резултира со сооднос од 9.45 pounds на една коњска сила.
Тука е и постојаната критика дека со овие машини не можете да поминете долги релации. Секако дека и ова не е точно. Може да се дебатира каде ќе ви биде поудобно, на помал или поголем мотоцикл, но останува фактот дека луѓето поминуваат повеќе километри на помал мотоцикл.Крис Комли го заврши Iron Butt релито на Sportster додека пак Брет Донајху го освои третото место на 2007 IBR возејќи со Sportster. За 11 дена, тој помина повеќе од 17 илјади километри.
Кој е вашиот омилен мит за мотоциклите?