Корисни текстови

Лево или десно: Која е вашата полоша страна?

Многу возачи засрамено ме имаат прашано едно тешко прашање:  Зошто им е потешко кога вртат десно или лево.  

Следете нè на:

 

Се чини дека многу возачи го имаат овој проблем, и тој е фрустрирачки. Замислете го само тоа чувство кога вртите, таа необјаснива анксиозност која нема никаква причина да се појави. Замислете да се плашите да вртите десно и да живеете во Небраска каде постојано треба да вртите десно за да се приклучите на автопатот. Или да сте тркач кој не може да сврти десно.

Оваа таканаречена „еднонасочна фобија“ - неможноста да свртите десно или лево, не претставува никаква мистериозна болест. Има многу причини поради кој еден возач може да го има овој проблем: Ментална блокада доколку сте имале пад на едната или на другата страна, конфузија при возењето или едноставно, многу малку возење мотоцикл. За среќа, има решение за овој проблем.

Се започнува со тоа да бидете добар сопатник на вашиот мотоцикл. Што прави добриот сопатник? Ништо, тие само седат и уживаат во возењето. Лошиот совозач го следи секое движење на мотоциклот, постојано е вкочанет кога мотоциклот се навалува. Како да го поправите ова кај вас?

Држењето цврсто за мотоциклот можеби ви изгледа инстинктивно, веројатно бидејќи со тоа оддржувате правилна положба на телото. Но колку поисправен седите, толку повеќе треба да се навалите кога влегувате во свиок. А тоа ви ја намалува контролата и ги зголемува можностите за пад.  Зошто да се мачите кога едноставно можете само да го следите мотоциклот. Со ова може дури и да ви биде подобро и да ја зголеми вашата самодоверба и контрола над мотоциклот. На овој начин постои и голема можност дека ќе го победите вашиот страв.

122 1306 01 troy bayliss 0Проблемот со „лошата“ лева или десна страна треба да го решите пред да ја посетите тркачката патека

Едноставни вежби на паркинг, ќе ви покажат многу за начинот на кој вртите.  Најдете некој слободен паркинг и почнете да вежбате. Дали возењето е напнато. Дали употребувате премногу сила наместо да се опуштите за мотоциклот без никаков проблем да го смени правецот на движење? Можеби ќе почувствувате и мала вкочанетост кај вас како се наближувате до максималниот агол на навалување. Генерално, вкочанетоста е честа појава кога возачот не е опуштен на мотоциклот.

Самостојното вежбање не е  доволно за да се реши овој проблем.  Бидејќи природно ни е да се движиме исправено, мислиме дека и со мотоциклот треба да се однесуваме на тој начин. Поради оваа причина, прашајте некој пријател да ве гледа додека вежбате. Или уште подобро, побарајте некој тренер. Сигурен сум дека тој веднаш ќе забележи каде правите грешки.

Размислете внимателно на вашата поврзаност со мотоциклот. Горниот дел од телото нека ви биде олабавен. Опуштете ги рамењата и спуштете ги лактите се додека тие не го допрат резервоарот за гориво. Седнете поназад неколку сантиметри и навалете ја главата малку надолу. Почнете да се чувствувате добро во таа позиција, спојте се со мотоциклот.  Вежбајте правилно вртење на некој паркинг, управувајте со воланот со притисокот во дланките, не ви требаат мускули за тоа. А при вртење, следете го природното движење на мотоциклот. Патем, ако припаѓате во оваа категорија на возачи, треба да сте среќни.  Некои возачи имаат двонасочна фобија. 

Автор: Кеит Код
Извор: motorcyclistonline.com

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.