thumb_phoca_thumb_l_Road-House-17Деновиве не очекуваат неколку мото настани, а временската прогноза е перфектна за возење па одлучете каде и како ќе го поминете викендот.

phoca_thumb_l_Road-House-17

Деновиве не очекуваат неколку мото настани, а временската прогноза е перфектна за возење па одлучете каде и како ќе го поминете викендот.

На домашната сцена во сабота во Максима ќе се одржи отворен ден, ќе има тестирање на Keeway, нова опрема, попуст од 15-20%, сендвич и пиво за секој кој ќе дојде со мотоцикл. Одличен настан да се започне викендот па не заборавајте да пројдете до Максима пред да се упатите кон Гевгелија.

phoca_thumb_l_Motocross-Milci-279

Во Гевгелија ќе се одржи Гран При Македонија 2012, трка со која започнува сезоната од Европскиот шампионат и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2012 година. Според програмата во сабота во 16.10 започнува трката во класата MX3, па убаво ќе биде да се присуствува и на неа. Останатите трки на програмата се во недела, во 10.00 е свеченото отворање, а веднаш потоа започнуваат трките во останатите категории. Предвидено е целиот настан да заврши до 17.00 часот (вклучувајќи го и прогласувањето на најдобрите).

motogp-jerez

Викендов се вози и втората трка од МотоГП шампионатот, се вози трката за Големата Награда на Шпанија на патеката Херез. Трката започнува во 14.00 по наше време, може да се следи на SportKlub Prime каналот или на интернет на http://www.sportlemon.tv/c-10.html

Испланирајте го викендов убаво, не заборавајте да го понесете апаратот со вас за потоа да ги споделите сликите од вожњата на форумот и секако, возете безбедно и носете опрема!

Имајте убав викенд.

Back To Top