Federal Mogul е глобален лидер во развојот и производството на мото производи за стандардните и оф роуд мотоцикли. Нивните производи обезбедуваат високи перформанси кои особено ги ценат најдобрите светски возачи.
Federal Mogul е глобален лидер во развојот и производството на мото производи за стандардните и оф роуд мотоцикли. Нивните производи обезбедуваат високи перформанси кои особено ги ценат најдобрите светски возачи.
Историјат:
1987 – Во Северен Дербишир (Англија), Херберт Фрод ја изгради лабораторијата во која ги направи своите први експерименти. Најпрво започна да прави сопирачки за коњски кочии.
1901 – Фрод ги патентираше сопирачките.
1902 – Беа патентирани првите „brake linings“.
1904 – Неговите сопирачки беа одбрани да бидат дел од првите автобуси. Фрод на својот продукт му го дава името Ferodo кое е анаграм од неговото презиме.
1922 – Ferodo станува дел од производството на автомобили.
1926 – Ј.Г.Пери-Томас го руши рекордот за најголема брзина. Неговиот автомобил користи Ferodo сопирачки.
1930 – Претставен е Ferodo MZ кој за кратко време станува многу популарен во светот на трките, особено кај Alfa Romea.
1951 – Хуан Фанџо станува светски шампион во Формула 1. За време на своите настапи тој ги користеше производите на Ferodo.
1956 – Ferodo е првата компанија кај автомобилите која обезбедува диск сопирачки како стандарден дел.
1962 – Болиди кои користат Ferodo сопирачки победуваат на 8 од 9-те трки во Формула 1 шампионатот. Започнува доминацијата која ќе трае две декади.
1963 – Доналд Кембел го постигнува светскиот рекорд за најголема брзина. 403,1 милја на час. Неговиот Blubird – Proteus CN7 користи Ferodo сопирачки.
1964 – Ferodo победи на релито Монте Карло. Ferodo почнува со доминација во рели трките.
1969 – Отворена е најголемата фабрика за тестирање на сопирачки. Главен фокус е ставен на развојот на материјалите.
1971 – Ferodo доминира во сите тркачки спортови: Формула 1, 24 часа Ле Ман, 24 часа Дејтона, 12 часа Себринг.
1980 – Ferodo ги произведува првите Европски сопирачки кои немаат азбест. Ги воведува дисковите, течноста за сопирачки и хидрауликата на пазарот.
1990 – Ниту едни од сопирачки на Fedoro не користат тешки метали.
1997 – Прославува 100 години тркачка историја.
1998 – Во Мондови, Италија, формиран е Ferodo Racing
1999 – Во соработка со научници од истражувачкиот центар во Рагби, Велика Британија, Ferodo Racing го развива и го претставува DS3000. Набрзо стануваат едни од најдобрите штитници на пазарот.
2005 – Ferodo започнува да користи керамика во своите штитници. DS1.11 и DSUNO се користат во натпреварите со автомобили, а CP1 во трките со мотоцикли.
Денеска – Останува главен избор во најважните мотоспорт шампионати ширум светот.
Квалитет во производството
Сите делови се од домашно производство и бидејќи во нашата фабрика се произведуваат неколку продукти, сите потрошувачи имаа корист од високиот стандард на квалитет. Нашата фабрика ги има највисоките сертификати за квалитет (ISO/TS 16949 и ISO 14001)
Нашите сопирачки поминуваат низ 26 контроли за квалитет за време на производството.
Квалитетно тестирање во лабораторија, на улица и на тркачка патека
Нашите сопирачки поминуваат сериозни тестови со цел да се обезбеди безбедно, контролирано и конзистентно сопирање.
Кај сопирачките за мотоцикл, внимаваме секој производ да ги задоволи OE стандардите за квалитет. Во однос на сопирачките кои ги користат тркачките мотоцикли, ние произведуваме само сопирачки кои обезбедуваат врвни перформанси.
Од неодамна Скај Мото стана увозник на производите на Феродо за Македонија. За сите подетални информации посетете го продажниот салон на Скај Мото или обратете се на нивниот телефонски број 02 317 2462 или на 070/206-053