Оваа недела во салонот за мотоцикли и мото опрема на Макпетрол ќе можете да се подновите со јакни, чизми и пантолони по пониски цени.
Иако календарски сѐ уште трае зимата, македонските патишта викендов беа исполнети со мотоцикли. Топлото време како и мото собирот кој се одржа во Скопје беа мотив за повеќето возачи да ги разбудат од зимскиот сон своите љубимци на две тркала.
Макпетрол во својот салон за мотоцикли и мото опрема ви нуди можност да се подновите со јакна, пантолони или чизми со попуст од 20%.
Намалувањето на цените ќе биде достапно до крајот на неделата, посетете го салонот на Хонда лоциран на Бул. Илинденска каде можете да ги погледнете сите производи.
Да потсетиме, Макпетрол е овластен увозник на кациги од програмата на „Nolan“ (Grex, Nolan и X-Lite), како и дистрибутер на мото опрема од италијанскиот производител „A-Pro“, одличните „Spyke“ и светски познатите „Alpinestars“.