(Време на читање: 1 минута)


Мото Азуро, увозникот на Јамаха за Македонија денеска ја објави цената од 5990 евра за новата Yamaha MT-07

mt07-2014-26

Мото Азуро, увозникот на Јамаха за Македонија денеска ја објави цената од 5990 евра за новата Yamaha MT-07.

Конкурентната цена на новиот нејкед модел на Јамаха се очекува да ја зголеми продажбата во овој сегмент. Се работи за модел кој беше претставен на саемот „EICMA“ во Милано минатата година, а во Мото Азуро веќе можат да се направат нарачки за новиот мотор.

Yamaha MT-07 доаѓа со паралелен твин агрегат со зафатнина од 689цм3 и моќност од 75кс. Работната филозофија кај овој модел е иста како и кај R1, што овозможува линеарно забрзување и експлозивна моќност. 

Со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на новиот модел во Скопје кога ќе имаме прилика и да направиме тест возење, до тогаш погледнете ја галеријата, а доколку веќе сте се одлучиле, Мото Азуро се наоѓа зад АМСМ во центарот на Скопје.

 

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: