thumb_honda-integra-2012-7Гордоста на Хонда во сегментот на макси скутери кон крајот на месецов ќе пристигне во Скопје. Се работи новиот модел наречен Honda Integra кој е специфичен по многу работи..

honda-integra-2012-7

Гордоста на Хонда во сегментот на макси скутери кон крајот на месецов ќе пристигне во Скопје. Се работи новиот модел наречен Honda Integra кој е специфичен по многу работи. Новиот агрегат од 670cm3 кој Хонда го вградува во неколку мотоцикли ќе биде дел и од овој скутер, а како сериска опрема со него доаѓа и иновативниот Хонда пренос со двојно квачило од втората генерација.

Integra го доби своето име поради фактот дека ги интегрира едноставноста на употребата на скутер со динамичната изведба на мотор. Потрошувачката е сведена на минимум, карактеристично за сите скутери, а брзината и управливоста ќе ги задоволи сите љубители на моторите. Увозникот за Македонија, Макпетрол, најави дека Integra ќе пристигне во Скопје до крајот на месец Март, а ќе се продава по цена од 8.490 евра.

Ќе имаме прилика да направиме тест возење, па ќе можеме од лично искуство да ви пренесеме дали навистина Integra е идеалниот спој на скутер и мотор. До тогаш уживајте во галеријата.{gallery}honda-integra{/gallery}

Back To Top