(Време на читање: 1 минута)


Мото клубот Ретки Птици викендов ќе организира мото собир во Бел Рај - Миравци.

Мото Kлуб Ретки Птици од Гевгелија ги поканува сите мото клубови, слободни возачи, пријатели и непријатели, другари и другарки, швалери и швалерки, велосипедисти, камионџии, тракторџии, пешаци..........сите влубеници во возење на две тркала, на Мото Собир кој што ке се одржи на 27.08.2016, во еден од најубавите, најприродните, најеколошките локали во нашата општина па и пошироко: Бел Рај - Миравци.

retki ptici 2016

Вкусна топла скара и евтино студено пиво, а за добро расположение ќе се погрижат познати рок бендови од Битола, Гевгелија и Богданци.

Обезбеден простор за кампување, а кој ке сака да спие на кревет во соба, може да си резервира на телефон: 070 670 381(Блажо).

Сите што ке дојдат порано, и оние што ке си одат покасно можат да си земат со себе и костими за капење, и да се разладат во природните базени со чиста планинска вода кои што се дел од Бел Рај Миравци.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: