Утре и задутре во организација на мото клубот Мечки од Куманово ќе се одржи „Moto Rock Fest 2016“.

На 27 и 28 мај (петок и сабота) во клубот „Space“ во Куманово мото клубот Мечки го организираат „Moto Rock Fest 2016“. 

Според агендата во петок ќе настапат „Eruption“ од Битола и „CrossRoadBluesBand“ од Прилеп. Во сабота предвидени се мото игри за посетителите на настанот, а во 18 часот ќе се вози дефиле низ Куманово. Забавата во сабота продолжува со „Pan Rog“, „De Marble“ и „NEW DEAL“ - Бор, Србија.

13235575 557030334470114 3443052566877282793 o

На локација кај Стара Бања, ќе се одржи дводневниот мото собир за кој веруваме дека ќе биде одличен. Мечки се познати како одлични домаќини па воопшто не се сомневаме дека ќе биде ова настан за паметење. Петок 27.5.2016 со почеток од 18 часот, се гледаме таму.

Back To Top