На 30-ти и 31-ви Мај на Спомен Костурница во Куманово мото клубот Мечки организираат дводневен хуманитарен фестивал.

mecki-pokana

На 30-ти и 31-ви Мај на Спомен Костурница во Куманово мото клубот Мечки организираат дводневен хуманитарен фестивал.

МК Мечки од Куманово на крајот од месецот ќе организираат дводневен хуманитарен мото фестивал. Настанот е закажан за 30-ти и 31-ви мај во Спомен Костурницата во Куманово. 

Фестивалот е прв од ваков карактер во соработка со организација „Euro Biker“ која ќе донира медицинска опрема за две установи во Куманово. 

МК Мечки важат за одлични домаќини, па несомненот ќе присуствуваме на журка која ќе се памети, годинава се потрудија и околу музичкиот аспект на собирот кој гарантира одлична забава. На 30-ти мај настапуваат „Overload“ од Куманово, „New Deal“ од Бор - Србија и домашните „Crossroad Blues Band“, додека пак втората вечер за забавата ќе бидат задолжени кумановците „EP 10“, „Wictims of Changes“ од Скопје и фантастичната Дани.

Како и до сега, најавени се ниски цени на јадењето и пиењето, обезбеден е голем простор за кампинг на самата локација, а за оние кои сакаат да отспијат на меко, на располагање се кумановските мотели и хотели. Доколку имате потреба од резервација или пак препорака за место за спиење можете да се обратите на тел. 077/911-111.

Back To Top