Мото клубот Носачи на Крстот организира мото собир кој ќе се оджи на 07 Мај во Велес.

Седма година по ред, мото-клубот „Носачи на крстот “ ја организираат својата мото забава, и оваа година ви ветуваат незаборавна забава со добра музика, скара и пиво. Заокружете го на вашиот календар датумот 07.05.2016 (сабота), кај мотел Македонија (41.685218, 21.831096), со почеток од 12h, започнува најголемото мото дружење до сега..

Најпрво ќе си ги измериме силите во спретно возење, потоа ќе го направиме најголемото мото дефиле низ градот кој има најмногу мотори по жител, по дефилето жедта ќе ја изгасиме со брзо пиење на пиво, за потоа сите заедно (победници и останати) да се забавуваме заедно со бендовите што клубот ги одбра за вас. За вашето добро расположение ќе се погрижат „Crossroad Blues Band”, тие добро ќе ве загреат за понатаму да ве препуштат на BANDX најдобриот AC/DC tribute band. Подеталната агенда за забавата ја имате во продолжение:

Агенда:
10h-12h Пријавување на учесници за возење
12h Натпревар - спретно возење, споро возење
18h Дефиле
19:30h Брзо пиење пиво и доделување на награди.
20h „Crossroad Blues Band”
22h BANDX најдобриот AC/DC tribute band

ВЛЕЗ-БЕСПЛАТЕН !!!
КАМПИРАЊЕ-БЕСПЛАТНО !!!!!!
КАМПИНГ ЗОНАТА Е ОТВОРЕНА ОД 06.05.2016 (петок) по 14 часот

Back To Top