Мото клубот Мечки од Куманово по шести пат успешно го организираа настанот „Дедо Мраз на мотор“.

dedo-mraz-6

Мото клубот Мечки од Куманово по шести пат успешно го организираа настанот „Дедо Мраз на мотор“.

Она што започна како акција чија цел беше да се израдуваат дечињата од Центарот за лица со посебни потреби во Куманово, веќе шеста година по ред успешно се одржува благодарение на мото клубот Мечки од Куманово.

И годинава временските услови не беа идеални, сепак дека моторџиите се момци со големо срце покажаа педесетина учесници на настанот, меѓу кои освен домаќините имаше членови на МК Индиан, Ноќни Волци, МК Свети Николе, МК Гардиан Енџелс, МК Кочевски Медведев (Словенија) како и поединци од Скопје.

Вообичаено патот до Дневниот центар води низ Куманово, дефилето изгледаше одлично, а минувачите беа воодушевени од глетката на многуте Дедо Мразовци кои со своите мотори ги поздравуваа. Никој не остана рамнодушен, млади или стари, машки и женски, отпоздравуваа со насмевка на лицето.

Но вистинската глетка беше во самиот Дневен центар, таму штитениците на домот со нетрпение го чекаа моторџиите. Повеќето од нив се сликаа со моторите и со Дедо Мразовците, за потоа да побрзаат внатре во Центарот каде „вистинскиот“ Дедо Мраз им подели пакетчиња.

Во знак на благодарност и штитениците на домот им дадоа подароци кои самите ги изработиле на моторџиите. Задоволството обострано, сите со насмевки на лицата, шеста година по ред. Мечки, браво!

Целата галерија од денешниот настан е прикачена во фотографиите на мотори.ком.мк

Back To Top