Мото клубот POTFAT MC ги поканува сите почитувачи на животот, делото и музиката на „Motörhead“ заедно да му оддадат почит на фронтменот на оваа група.

Соопштението од клубот го пренесуваме во целост:

„POTFAT MC ги поканува сите почитувачи на животот, делото и музиката на „Motörhead“, бајкери, рокери, металци и слични битанги да дојдете заедно да оддадеме почит на оваа легенда од Rock `n` Roll и Heavy Metal музиката.

Дојдете да се опиеме со „Jack Daniels“, пиво, водка и се друго и на тој начин да го направиме горд нашиот ангел. Притоа ќе се обидеме да направиме лајв стриминг (пренос) од испраќањето на Леми до гробиштата „Forest Lawn Memorial Cemetery“ во Холивуд, кое започнува во 23.00 по македонско време. 

Тоа е и официјалната порака од неговите другари од бендот до сите негови фанови во светот. После комеморацијата ќе продолжиме со журка додека не падне на под и последниот од нас, слушајќи ги сите албуми на Motörhead!!!“

LEMMY

Настанот ќе се одржи утре (09. јануари) со почеток од 20 часот во клаб хаусот на POTFAT MC на Средно Водно.

Back To Top