Домашни

[галерија] BMW R nine T

Во салонот на Динамикс во Скопје пристигна новиот BMW R nine T кој се продава за цена од 15.500 евра.

Следете нè на:

 

bmw-r-nine-t-2Пристигна новиот BMW R nine T

Во салонот на Динамикс во Скопје пристигна новиот BMW R nine T кој се продава за цена од 15.500 евра

Целиот проект околу новиот модел е по повод 90 годишнината од постоењето на BMW. Моделот ја истакнува боксер машината како и различните модели кои биле по нешто карактеристични низ годините. Сето тоа спакувано со нова технологија, но главниот адут на моторот е можноста за брза промена според потребите на возачот.

Едноставен, олд скул изглед кој ќе ги направи среќни сите љубители на кастм моторите. Моделот од фабрика доаѓа со можност за отстранување на задното седиште, додавање на алуминиумски додаток кој ќе го претвори во Кафе Рејсер или пак продолжетоци за задни ногарки. Секако додатоците не се бесплатни, но можноста за нивно едноставно монтирање е одлична.

Идејата околу персонализиран мотор провејува низ сите делови на новиот NineT. Издувот кој е поставен на левата страна нуди опција во зависност од вашата желба, да биде во форма на двоен издув со пригушувачи, или пак продолжена цевка изработена од „Akrapovic“.

Агрегатот е со зафатнина од 1170цц со воздушно/уљно ладење спакувано во дво-цилиндричен боксер мотор кој развива 110кс. За да го надополни концептот на старите BMW R32, новиот nineT доаѓа со црни жичани бандажи, но модерниот дел е видлив на предницата каде се забележливи фантастичните апсајд-даун вилушки, големи дискови и Брембо кочници. 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.