Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.

moto klub vardar

Вања Битуљану е првиот претседател, но по само една година, неговото место го завзема Васил Николовски, еден од најуспешните мото-крос возачи во Македонија и еден од најголемите работници во мото-кросот и воопшто - мотоциклизмот во Македонија. Тој успешно го водеше клубот се до својата смрт во 2014-та година.

Во сабота (21-ви септември), мото клубот Вардар ќе го прослави својот 41-ви роденден. Местото на настанот е во просториите на клубот на патеката Орман во Скопје, со почеток од 14.00 часот. Добредојден е секој мотоциклист или љубител на мотоциклите, пријател на клубот. 

Среќен роденден - Мото Клуб Вардар!

Back To Top