Мото клубот Вардар слави 39 години од своето формирање.

Мото клубот Вардар слави 39 години од своето формирање.

moto klub vardar

Вања Битуљану е првиот претседател, но по само една година, неговото место го завзема Васил Николовски, еден од најуспешните мото-крос возачи во Македонија и еден од најголемите работници во мото-кросот и воопшто - мотоциклизмот во Македонија. Тој успешно го водеше клубот се до својата смрт во 2014-та година.

Во сабота (23-ти септември), мото клубот Вардар ќе го прослави својот 39-ти роденден. Местото на настанот е во ресторанот Моја Куќа во Аеродром, во близина на Тинекс и Вучко (адреса: В.Комаров 13) со почеток од 19.00 часот. Обезбедено е ладно пиво со цена од 60 денари (кригла), паркинг место во изобилство, акустична музика за душа и осветлување. Добредојден е секој мотоциклист или немотоциклист, пријател на клубот. 

Среќен роденден - Мото Клуб Вардар!

Back To Top