Изминатиов викенд во Берово се оддржа првата ендуро трка во организација на МК „Мото Велес“ и МФМА која се бодуваше за македонскиот Ендуро шампионат.
Првата трка од Ендуро шампионатот на Македонија во целост ги оправда очекувањата. 45 учесници во 6 класи настапија на патека и брзински тест подготвени по Светски стандарди.
Прекрасните предели на Беровскиот крај како и искуството на организаторот придонесе да проследиме возбудлива трка во сите класи.
Во класата Е1 нај успешен беше Ванов Драган пред Христијан Станкович и Виктор Караколев, а во класата Е2 победата му припадна на Синиша Николовски, пред Михаил Бајовски и Иван Цековски. Во класата Е3 нај успешен беше Владимир Димов, кој заврши пред Ненад Бошевски и Иван Чавков. Хоби класата беше за оние кои сакаа за прв пат да се обидат во оваа дисциплина, а од нив најдобар беше Кенан Сенанов, пред Сали Имеров и Антонио Трајков. Во Т1 класата го проследивме возењето на двајца учесници, Оливер Мојсеев и Милан Димитровски. Во Берово свој настап имаа и натпреварувачите во класата Ветерани од кои најдобар беше Јанис Колиглиатис, пред Борче Костов и Мирче Златановски. Воедно Јанис имаше вкупно најдобро време од трите теста, а Ванов Драган имаше најбрз извозен тест.
Во ендуро шампионатот на Македонија ќе се возат вкупно три трки, а доколку според утрото денот се познава, не очекува навистина возбудлив шампионат.