(Време на читање: 1 - 2 минути)


Mодата и дизајнот се првите два збора кои ви доаѓаат на памет кога помислувате на Италија. Знаејќи го ова, Vespa и Peuterey ја објавија заедничката соработка со цел да создадат специјална колекција во текот на „Неделата на дизајн во Милано“.

Mодата и дизајнот се првите два збора кои ви доаѓаат на памет кога помислувате на Италија. Знаејќи го ова, Vespa и Peuterey ја објавија заедничката соработка со цел да создадат специјална колекција во текот на „Неделата на дизајн во Милано“.

Двата бренда се здружија за да ја создадат „see-now-buy-now “ колекцијата која ќе може веднаш да се најде во продавниците. Колекцијата која ги комбинира елегантната и динамичната естетика на двете компании кои ја делат истата посветеност кон убавината и функционалноста, е составена од јакна, кацига и очила. Оваа опрема која може да се носи на сите временски услови е направена од лесен и водоотпорен материјал. Кацигата како и очилата имаат темни нијанси.

vespa teams with peuterey at milan design week 116644 1

Колекцијата ќе биде дел од специјална изложба. Посетителите ќе можат да уживаат во атмосферата која ќе потсетува на возење со Веспа низ улиците на градот. На 4-ти април колекцијата ќе биде прикажана и во „Vespa Motoplex“. Исто така, осум специјално прилагодени Веспа скутери ќе ги пренесуваат амбасадорите на проектот на разни локации низ градот.

Наскоро ќе биде објавен и договорот за понатамошна соработка и партнерство меѓу Peuterey и Vespa.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: