Конечно после 9 месеци преговарање, Германскиот BMW Motorrad и Индискиот TVS (еден од најголемите производители на моторцикли во земјата) постигнаа договор и заедно ќе произведуваат мотоцикли со зафатнина под 500cc.

bmw-tvs-635x353

Конечно после 9 месеци преговарање, Германскиот BMW Motorrad и Индискиот TVS (еден од најголемите производители на моторцикли во земјата) постигнаа договор и заедно ќе произведуваат мотоцикли со зафатнина под 500cc.

Оваа соработка е уште еден пример кога западни компании соработуваат со Индиски компании, со цел да развијат модели прилагодени за Индија и за останатите земји во развој.

Овој потег е одличен за BMW Motorrad. Нивниот најголем ривал KTM неодамна објави дека ги помина според бројот на продадени моторцикли-потег кој беше поттикнат главно од партнерството на Австриската компанија со индискиот Bajaj и нивната заедничка работа на серијата Дјук.

Од BMW и TVS изјавија дека ќе ги искористат предностите на двете компании при изработката на машините со зафатнина помала од 500цц, кои потоа ќе се продаваат под името на двата бренда ширум светот. Тоа значи дека TVS ќе ги продаваат моторциклите во Индија и Азија, а BMW во Европа и Северна Америка.

„Со оглед на менувањето на пазарот на моторцикли, демографскиот развој и подобрувањето на животната средина, ние ја прошируваме нашата палета на призводи за да обезбедиме понатамошен развој. TVS Motor Company се искусен и стручен партнер,“ изјави Стефан Шалер, претседател на BMW Motorrad.

„Ова значи дека во иднина ќе бидеме во можност да понудиме возила со помал капацитет. Различни видови на мотоцикли се возможни. Тие ќе ги исполнат очекувањата на BMW мотоциклите во поглед на забавата при возење и постигнување на нови стандарди кога станува збор за стабилност, агилност и перформанси.“

„Во BMW Motorrad гледаме идеален, долгорочен стратешки партнер кој ги дели нашите основни вредности: Квалитет, моќ, иновација и задоволство на клиентите,“ додаде Вену Сринивасен, претседател на TVS Motor Company. „Имаме намера да ги искористиме предностите на двете компании за да испорачаме нова серија на производи кои ќе нудат најсовремена технологија.“

Соработката на BMW со TVS ќе и овозможи на Германската компанија да се вмеша во борбата за глобална доминација на мото пазарот помеѓу Honda и Yamaha. Гледајќи што направи KTM со своите Дјук моторцикли, со нетрпение чекаме да видиме што ќе понудат Германците. TVS кај нас е познат по моделот Apache кој е доста продаван.

Back To Top