- Напишано од: Motori.com.mk
Наместо со елените Денеска Дедо Мраз во Дневниот центар за деца од улица пристигна со мотори. За тоа се погрижија членовите Мото клуб Конзули од Битола кои ги израдуваа децата. Дедо Мраз на дечињата им подари новогодишни пакетчиња, а за возврат тие го развеселија со убави песнички.
