На иницијатива на членовите на Motori.com.mk, a по повод 1 година од трагичната смрт на Тоше Проески, овој викенд ќе биде организирано групно возење и посета на гробот на Тоше. Собирањето е закажано за на 12-ти Октомври (недела) на бензиската МакОил во н.Лисиче, во 09.00часот, а поаѓањето за Крушево ќе биде најдоцна во 09.30.
Предводени од мислата дека ниеден медиум кај нас не ги третира мото случувањата, ниту домашни ниту странски, знаејќи и што се случуваше пред секој собир кога се ширеа дезинформации, а и неинфомираноста пред се на младите моторџии околу клубовите, настанати, трките, пред една година решивме да го донесеме на свет motori.com.mk
Чест ни е да ве поканиме на првиот роденден на сајтот, а ќе ни претставува задоволство доколку не удостоите со вашето присуство. Поканата е отворена за сите моторџии, членови и посетители на сајтов, сите клубови, сите добронамерници.
Забаватa ќе се одржи на 13-ти Септември (сабота) во пицерија Томас (по еднонасочната улица позади Рамстор, па првата уличка десно).
Сосем кратко, нема да коментираме што постигнавме, знаеме што не направивме, ама знаеме и што ќе направиме во периодов кој следи. Одиме напред!
Ивона Кировска е првата победничка на изборот за Летна Мото Убавица '08. Првиот ваков избор во нашата земја беше помогнат од сите спонзори на сајтов, за што уште еднаш сакам да им изразиме благодарност, како и до весникот Вечер, модното студио Црнокрак, модната куќа Кара и сите добронамерници и соработници на порталов кои дадоа се од себе за изборот да заврши успешно. Нормално како за прв пат имаше и пропусти, за кои сме свесни, и кои следната година сигурно ќе бидат надминати. Во продлжение следува текстот и и фотографијата од насловната страна на денешниот број на Вечер.
Фотки од настанот, овде .
Изборот за Летна Мото Убавица '08, полека се ближи кон крајот. Денеска ќе бидат претставени последните пет девојки од кои ќе биде одбрана и последната финалистка. Ивона Кировска е четвртата финалистка која патува во Охрид на 16-ти за финалето. Таа беше фотографирана во салонот на Диро во Скопје, беше облечена во модели на модната куќа Кара, а пред објективот на Димитар Апостолов се појави во друштво со Hyosung GT650R.
Заради технички причини фотографиите за изборот на третата финалистка беа ставени еден ден подоцна за гласање, па затоа сеуште изборот е во тек. Гласањето завршува вечерва на полноќ, па доколку сеуште не сте гласале за вашата фаворитка време е да го направите тоа. Гласајте овде.