- Напишано од: Motori.com.mk
Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 28 и 29 април на патеката Милци крај Гевгелија е организатор на натпреварот „Гран При Македонија 2012“ со кој започнува сезоната од Европскиот шампионат и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2012 година.
Според информациите до кои дојдовме од Дорна (сопственикот на правата за МотоГП), на територијата на Македонија МотоГП шампионатот ќе се емитува непречено преку SportKlub каналот.