KTM објави дека Французинот Сирил Деспре го напушти тимот, после долга и успешна соработка со Австрискиот производител. 38 годишниот Деспре освои 5 Дакар титули со тимот на KTM, во 2005, 2007, 2010, 2012 и 2013 година.
Дани Педроса, подготвувајќи се за својата осма MotoGP сезона, ќе се приклучи на мала група на возачи кои ќе имаат шанса да ја тестираат новата патека во Остин за време на приватниот тест кој ќе се одржи оваа недела.
FIM официјално го објави ревидираниот календар за Светскиот Супербајк Шампионат за годинава, потврдувајќи дека патеката Istanbul Park во Турција ќе биде домаќин на трка од Супербајк Шампионатот оваа сезона.
Единствените промени кои ги побараа од FIM беа: повеќе место помеѓу оградите, додавање на нови воздушни огради и отстранување на неколку рабници кои се користат во автомобилските трки.