(Време на читање: 1 - 2 минути)


После проблематичниот прв ден, избраните CRT тимови извршија уште едно тестирање денеска. Понеделник беше вториот ден за тестирање издвоен специјално за CRT тимовите кои го користат новиот ECU систем.

54616

После проблематичниот прв ден, избраните CRT тимови извршија уште едно тестирање денеска. Понеделник беше вториот ден за тестирање издвоен специјално за CRT тимовите кои го користат новиот ECU систем.

Техничките проблеми го спречија тестирањето вчера додека лошите временски услови беа пречка денеска.  Врнежите го ограничија времето поминато на патеката и влијаеа врз постигнатите резултати.

NGM Mobile Forward Racing, кои малку време поминаа на патеката вчера, денеска беа нешто подобри. Колин Едвардс извозе 7 круга додека Клаудио Корти кои исто така имаше проблеми успеа да извози 8 круга.

Возачот на Came Ioda Racing, Данило Петручи извозе само  4 круга пред  да се врати во гаражата, но и покрај тоа тој успеа да постигне најдобро време денеска. Тимот моментално има само еден ECU систем за двата мотори, што значи дека тимскиот колега на Петручи, Лукаш Песек не беше во можност да вози се до попладнето. Но и покрај тој тој успеа да извози 19 круга и да го постигне третото најбрзо време.

Хороши Аојама не возеше денеска, плашејќи се да не ја обнови повредата на неговиот зглоб.  Неговиот тимски колега Хектор Барбера сеуште имаше технички проблеми, но сепак успеа да извози 20 круга откако облаците се расчистија и притоа заврши на второто место.

Сесија на мокар асвалт, 4-ти февруари:

1. Danilo Petrucci ITA Ioda Racing (Suter-BMW CRT) 2m 23.456s 
2. Hector Barbera ESP Avintia (FTR-Kawasaki CRT) 2m 23.973s 
3. Lukas Pesek CZE Ioda Racing (Suter-BMW CRT) 2m 24.023s 
4. Claudio Corti ITA Forward (FTR-Kawasaki CRT) 2m 24.027s 
5. Colin Edwards USA Forward (FTR-Kawasaki CRT) 2m 29.973s 
Hiroshi Aoyama JPN Avintia (FTR-Kawasaki CRT) нема забележано време

Главниот тридневен настан кој ќе биде отворен за сите тимови започнува утре, 5-ти февруари.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: