Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

„Правилата ќе останат потполно исти. Нема да има никакви промени. Мислам дека во иднина сите додатоци ќе имаат ист дизајн,“ изјави Олдриџ за Crash.net.

„Тешко е кога треба да ги одредувате правилата и јасно ми е мислењето на луѓето кога велат дека тоа се само крилца. Но се обидовме да им дадеме на инжинерите слобода во нивната работа и дефинитивно има добри и лоши страни кај новиот дизајн. Не можете само да ги прикачите и на сите патеки да бидете брзи. “

motogp plastiki

„На пример на Филип Ајленд, еден од најбавните возачи беше Лоренцо кој имаше додатоци на својот мотоцикл. Многу возачи се одлучија да не ги користат нивните аеродинамични додатоци во Австралија.“

Нај агресивен од сите додатоци во 2017 година беше оној на Ducati, кој беше употребен на трката во Брно, а потоа се појави и слична верзија која ја употреби Aprilia на трката која се возеше во Мизано.

Малку подоцна, за време на тестот во Валенсија, Yamaha претстави нов прототип на додаток.

За време на тестовите, кои започнуваат кон крајот на месецов во Сепанг,  тимовите ќе можат да видат кој додаток најмногу им одговара. Но сепак, новиот дизајн нема да може да се употребува на официјален Гранд При викенд се додека тоа официјално не биде одобрено од страна на Олдриџ.

Во 2018 година, секој возач ќе има по еден додаток, а во текот на сезоната ќе може да направи и едно надополнување. Исто така нема рестрикции во однос на промената на големината и обликот на внатрешните аеродинамични крилца.

Back To Top