Марк Маркез се најде на врвот на дводневниот приватен тест кој се оддржа на патеката во Каталуња, Барселона. Во пресрет на трката која е закажана за следниот месец на истата патека, можноста за тренинг ја искористија речиси половина од MotoGP тимовите.
Марк Маркез се најде на врвот на дводневниот приватен тест кој се оддржа на патеката во Каталуња, Барселона. Во пресрет на трката која е закажана за следниот месец на истата патека, можноста за тренинг ја искористија речиси половина од MotoGP тимовите.
Поради лимитираниот број на денови кога може да тестираат, Маркез и неговиот тимски колега Дани Педроса на патеката се појавија само на вториот ден. Останатите возачи на Honda, Џек Милер, Кал Кратчлоу и Тито Рабат учествуваа и двата дена.
Тестот беше организиран од страна на Ducati, а нивниот возач Хорхе Лоренцо постави одлично темпо на модификуваната патека. На него и на Андреа Довициозо им се прилучија и тест возачите Кејси Стонер и Микеле Пиро. Тимот имаше и еден ден екстра тестирање кој се оддржа во понеделникот веднаш по завршувањето на Француската Гран При трка.
Зборувајќи веднаш по настапот, Лоренцо изјави дека е задоволен од досегашниот развој.
„Ова беше многу интересен тест. За два дена извозев речиси 150 кругови, поминав многу километри и откривме некои позитивни работи. И двата дена бев најбрзиот возач во тимот. Компетитивни сме во секој дел но сепак губиме по неколку десетинки на крајниот. Во однос на предниот пневматик, Michelin завршија одлична работа. Но сепак се уште мораме да најдеме решение за задната гума.“
- Marc Marquez 1:43.803
- Jorge Lorenzo 1:44.267 0.464
- Cal Crutchlow 1:44.369 0.566
- Dani Pedrosa 1:44.373 0.570
- Alvaro Bautista 1:44.431 0.628
- Andrea Dovizioso 1:45.268 1.465
- Tito Rabat 1:45.321 1.518
- Loris Baz 1:45.719 1.916
- Aleix Espargaró 1:45.720 1.917
- Hector Barbera 1:46.119 2.316
- Sam Lowes 1:46.504 2.701
- Michele Pirro 1:46.788 2.985
- Karel Abraham 1:47.121 3.318