„Рамото не ми пречеше за време на трката, но после тоа имав болки. Затоа овие неколку дена пред трката ми дојдоа добро за да се одморам“ – Марк Маркез

Марк Маркез искористи некоку дена одмор поради повредата на рамото пред трката која ќе се оддржи овој викенд во Чешка.

Маркез се здоби со повреда за време на третиот слободен тест кога се обиде да го претекне Дани Педроса. И покрај тоа, тој настапи на трката која се оддржа на Red Bull Ring и заврши на петото место зад ривалите Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.

Возачот на Repsol Honda сепак има солидна предност од 43 поени пред Лоренцо. И покрај тоа што Маркез вели дека патеката во Брно не му е омилена, убеден е дека ќе се бори за победа.

mm93brno

„Имавме напорен викенд во Австрија и направивме најмногу што можеме. Со оглед на сите работи што се случија, поминавме добро.“

„Рамото не ми пречеше за време на трката, но после тоа имав болки. Затоа овие неколку дена пред трката ми дојдоа добро за да се одморам.“

„Брно не е една од моите омилени патеки но сепак сме постигнувале добри резултати тука. Мораме да бидеме навистина фокусирани за да можеме да се бориме за место на подиумот.“

Маркез единствената победа на патеката во Брно ја оствари во 2013 година. Минатата сезона заврши на второто место зад возачот на Movistar Yamaha, Хорхе Лоренцо.

За понеделник, после трката, е закажан еднодневен тест кој ќе се оддржи на истата патека.  

Back To Top