MotoGP

Довициозо: Се најдов на вистинската позиција во вистинскиот момент

Андреа Довициозо вели дека е малку изненаден што ја постигна својата четврта победа во 2017 година

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо вели дека е изненаден што успеа да постигне уште една победа за време на трката која се возеше во Силверстоун. Призна дека очекувал возачите на Honda, Марк Маркез и Кал Кратчлоу да доминираат на трката бидејќи за време на загревањето тој го имаше само осмото најдобро време, односно заостануваше седум десетинки зад Маркез.

2017 silvertstone motogp results 2

Но 31 годишниот возач веднаш се најде во борбата за првото место. Како што поминуваа круговите, возачот на Ducati стануваше се подобар. Сепак тој успеа да ја сочува предната гума со цел да може пред крајот на трката повторно да притисне.

Серија на одлучувачки потези му овозможи во дванаесетиот круг да се најде на втората позиција пред да успее да го преземе водството од Валентино Роси на три круга пред крајот на трката. На крајот тој заврши со предност од 0.114 секунди пред Вињалес и тоа беше доволно повторно да се најде на врвот на табелата.

„Се најдов на вистинската позиција во вистинскиот момент,“ изјави Довициозо по завршувањето на трката. „Тоа беше одлучувачко.“ Четири победи во една сезона е најдоброто остварување на Италијанецот по титулата која ја освои во категоријата од 125cc пред 13 години.

„Малку сум изненаден но имав добро претчуство пред трката. Но сепак не мислев дка ќе успеам да победам,“ изјави Довициозо кој сега има предност од 9 поени пред Маркез во борбата за титулата. „Очекував Honda да биде навистина компетитивна но тоа не се случи. За време на трката моравме да возиме на поинаков начин отколку на тренингот. Тоа ја промени трката. Но се чувствував добро во поголемиот дел од трката. И успеав да го сочувам предниот пневматик исто како и Маверик и Марк. Бевме изедначени и ги правевме истите работи. Тоа ми овозможи на крајот на трката да бидам подобар. На некои свиоци губев но на некои стекнував предност бидејќи видов како тие влегуваат во нив.“

Во однос на борбата за титулата, во моментов разликата меѓу најдобрите пет возачи изнесува само 25 поени, Довициозо вели дека победата на Британската Гран При трка му покажала дека и тој има шанси да ја освои титулата.

„Она што се случи денеска е нешто навистина посебно за нас. Во однос на шампионатот, ние сме дел од борбата. Водиме, но покрај тоа им покажавме и на останатите дека имаме шанси да го освоиме шампионатот. Знам дека сезоната е долга, а останатите возачи се навистина добри и имаат одлични мотоцикли. Но борбата ќе биде отворена се до крајот. Ние постигнавме четири победи на различен начин. Тоа значи дека имаме добра основа и дека добро се подготвуваме за време на викендот.“

„Исто така, и кога не сме најбрзи остануваме смирени и продолжуваме да работиме напорно како и сега. Секогаш се обидуваме да го извлечеме максимумот. Навистина сум среќен во однос на тоа како работи тимот. Мотоциклот има некои позитивни и некои негативни работи .“

Но дали смета дека Ducati GP17 е најбалансираниот мотоцикл во MotoGP? „Тешко е да кажам не во овој момент.  Од трката во Италија нашиот баланс е навистина добар. Исто така и на трката во Асен имавме добро време пред да почне да врне. “

„Се чини дека со новите правила и новите пневматици имаме навистина добар баланс, можеби и најдобриот. Тешко е да се каже. На последните четири трки Марк беше навистина брз. Но секоја трка е различна. Во секој случај јас сум задоволен.“

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.