„Мораме да подобриме некои делови на мотоциклот меѓу кој е и првиот допир со гаста“ – Џиџи Далиња

Генералниот менаџер на Ducati Corse, Џиџи Далиња, си замина од тестот кој се оддржа во Валенсија со јасна идеја во однос на промените што треба да се направат на мотоциклот на новиот возач на тимот, Хорхе Лоренцо.

Откако помина девет години во Yamaha, Лоренцо премина во тимот на Ducati и во вторникот и средата го оддржа својот прв тренинг за новиот тим.

На првиот тест Шпанецот заврши на третото место додека пак на вториот тест тој беше осми. Неговата замена во тимот на Yamaha, Маверик Вињалес, и двата дена беше побрз од него, а Андреа Довициозо беше најдобриот возач на Ducati.

 gp 0920 2.middle

„Задоволен сум од настапот на Хорхе. Забележавме некои добри работи на нашиот мотоцикл но и некои лоши. Вчера настапивме со мотоциклот од 2016 година. Денеска направивме споредба на стариот и новиот мотоцикл, а исто така тестиравме и некои различни материјали. Задоволен сум од неговиот настап. Времето по извозен круг може да биде подобро, но ако сакавме да постигнеме такво нешто, ќе работевме на поинаков начин. Затоа не ги направивме конкретните подготовки за тоа.“

„Во секој случај, имам јасна идеја за тоа што му треба и се надевам дека ќе му го овозможам тоа за следниот тест.“

На прашањето што Лоренцо сака да се подобри на мотоциклот, Далиња одговори: „Мораме да го подобриме вртењето. Исто така треба да се подобри и првиот допир со гаста.“

Иако Лоренцо настапи на тестот во Валенсија, тој нема да биде дел од приватниот тест кој ќе се оддржи во Херез. На патеката ќе се врати за првиот тест од новата сезона кој ќе се оддржи во Сепанг кон крајот на јануари.

„Хорхе е шампион. Тој има големо искуство и навистина сум среќен што ќе соработувам со него. Тој многу кратко возеше со новиот мотоцикл и треба подобро да се запознаеме, но тоа ќе го сториме за време на тестовите во Сепанг, Филип Ајленд и Катар.“

Back To Top