Домашни

Трет мото собир: МЦЦ Свети Николе

За момците од МЦЦ Свети Николе не треба многу да се говори, прават супер журки и важат за одлични домаќини.

Следете нè на:

 

За момците од МЦЦ Свети Николе не треба многу да се говори, прават супер журки и важат за одлични домаќини. Изминатите два мото собири во нивна организација поминаа одлично, но според најавата, на 4-ти јуни не очекува нешто навистина добро.

Собирот ќе се одржи во новиот парк во Свети Николе каде е обезбеден кампинг за посетителите. Влезот секако ќе биде бесплатен, а внатре ќе ве очекува евтино пиво, вкусна скара и секако, многу забава.

За забавата ќе се погрижат Morfium & Hotline, а како шлаг на тортата доаѓаат „Divlje Jagode“!

mcc sveti nikole 2016

Програма за мото собирот:

04-06-2016

16:00 почеток на програмата
17:00 мото игри
18:30 дефиле
19:30 почеток на музичка програма
22:00 доделување на благодарници
22:30 настап на DIVLJE JAGODE

05-06-2016

09:00 доручек за гости кампери

sn poster

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.