Во духот на новогодишните празници, мото клубот Мотори од Скопје и нивните пријатели ќе се потрудат барем на момент да им ја вратат насмевката на децата и младите од домот „Димитар Влахов“ во Скопје.

Акцијата ќе се одржи на 23-ти декември (среда) со почеток од 12 часот во домот во Кисела Вода. Претходно членовите на клубот од 11.30 ќе се соберат во Quatro Caffe од каде заедно во колона ќе возат до „Димитар Влахов“.

Како и минатата година маестро Игор Џамбазов во својство на поддржувач на клубот Мотори ќе се обиде да ја надополни атмосферата за која не се сомневаме дека ќе биде одлична. За дечињата мото клубот обезбеди пакетчиња, а насмевката која ќе ја добијат за возврат е доволна за да ги стопли од надворешните температури.

За галеријата од минатата година кликнете овде.

Доколку сте во можност, можете да се приклучите во активностите на клубот, во 11.30 со својот мотоцикл бидете облечени во Дедо Мраз кај Quatro Caffe во Кисела Вода.

Back To Top