
Мото клубот “INDIAN” е формиран 2010 година во Куманово. Клубот брои околу 30тина членови и е формиран со цел да ја шири мото културата во Куманово и надвор од него.
Името на клубот “INDIAN”го одбравме бидејќи индијанците биле воинствен и храбар народ кои верувале во природата и поврзаноста на човекот со природата,исто така народ кој има посебен начин на живот, издржливост во борбата за живот и посветеноста кон своето племе и својот народ.
Во овој мото клуб членуваат луѓе од сите бранши но сите не поврзува љубовта спрема моторите, дружењето,и авантуристичкиот дух кој го имаме секој во нас.Нашата желба и сатисфакција е мир во светот и ширење љубов кон моторите и се разбира нашето мото:Вози внимателно.
Претседател на мото клуб “INDIAN” Емил Трајковски
e-mail:
Магистар Дејан Силјановски е првиот претседател на Мотоциклистичката Федерација на Македонија. Оставката од својата функција ја поднесе пред два дена, а кога минатата недела дознавме за промената која следи уште повеќе посакавме да ја слушнеме неговата приказна.
Возење со моторцикл како совозач е одлична прилика за запознавање на начинот на кој се движи и управува моторциклот. При едно нормално возење на моторцикл како совозач, доколку малку повеќе посветите внимание на тоа што се прави возачот може да научите многу, не само за управувањето на моторот туку и за вашата безбедност.
Како што знаете, барем оние кои не следат и читаат, решивме да ви доловиме некоја плус информација за историјата на 4-те Јапонски гигантски производители на моторцикли, започнавме со Хонда, ги претставивме Јамаха и Сузуки и овој серијал ќе го затвориме со историјата на големиот конкурент на останатите производители, Кавасаки.