„Планот беше да одам со Мултистрада, ама тимот се шегуваше дека не биле дозволени мотори направени по 2000 година, и им испратив фотографија од стариот Ducati SS Darmah. Рекоа дека ако сум бил маж ќе дојдам на пат со него. А јас бидејќи сум малку глуп, реков доаѓам!” - сподели Жоан Зарко, возачот на Прамак Дукати во Арагон пред претстојниот MotoGP викенд.
Изминатиов викенд се одржа јубилејното 30. по ред Рели Македонија - Независност 2021. Веќе објавивме една галерија од стартот на релито, во продолжение уште фотографии сликани во Скопје, Кавадарци и на пат Кавадарци - Прилеп.