26
Сре, Апр
Тестови

Наш тест: Marushin 999NX

marushin-999nx.jpgБлагодарение на нашиот спонзор EuroMoto , имавме можност да ја тестираме врвната кацига од гамата на  Marushin - 999NX.

Марушин е фабрика која се занимава со производство на кациги уште од далечната 1958 кога во Токио го започнала производството на првите модели. Уште од самиот почеток...

Следете нè на:

 

Благодарение на нашиот спонзор EuroMoto , имавме можност да ја тестираме врвната кацига од гамата на  Marushin - 999NX.

 

marushin-999nx-ikusa-l.jpgmarushin-999nx-ikusa-l.jpg

 

Марушин е фабрика која се занимава со производство на кациги уште од далечната 1958 кога во Токио го започнала производството на првите модели. Фабриката се вбројува во пионерите кои почнале да работат со фиберглас технологија како обвивка за високо-квалитетни кациги. 

Моделот кој го тестиравме - Marushin 999NX е карактеристична по тоа што тежи само 1300гр., но бројката не значи ништо додека не ја ставите на глава. Кацигата е навистина удобна и воопшто не заморува додека ја носите.

Вградениот систем против навалување на кацигата (M.A.R.O.), функционира онака како што треба, односно не дозволува лизгање на кацигата напред и назад кога е врзано ремчето.

 

marushin-999nx-mono_black-l.jpgmarushin-999nx-mono_black-l.jpg

 

Дизајнот на кацигата е навистина аеродинамичен, нешто за што и самиот производител става акцент во рекламните материјали. Дека не се работи само за визуелна аеродинамичност се уверивме кога ја тестиравме на поголема брзина. Кацигата одлично го сече воздухот, и што е најбитно, навистина е стабилна. 

Уште еден податок кој најчесто ги интересира купувачите на кациги е колку кацигата е бучна. Кацигата не е многу тивка, но не е пак ни премногу бучна. Не ја очекувајте тишината која ќе ја добиете пример со еден Shoei, но од друга страна пак, и цената е половина од Shoei.

 

marushin-999nx-detail05-large.jpgmarushin-999nx-detail05-large.jpg

 

Кацигата ја препорачуваме на сите возачи на спортски мотори, кои сакаат удобна и лесна кацига, и имаат потреба од стабилна кацига која без проблем ќе ги издржи големите брзини.

Кај увозникот на Марушин можете да најдете и визири во боја, фото сензитив визири како и новите визири со фолија, кои од надворешна страна имаат одредена апликација, а од внатрешната се нормално видливи.

За подетални информации посетете го салонот на ЕуроМото кој се наоѓа во склоп на Олимпискиот Базен во Скопје, или обратете се на тел.  02/ 32 32 331

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!