Тестови

Возевме: Yamaha XT1200Z Super Ténéré World Traveler

Претставен во 2010 година, Super Ténéré и Super Ténéré ES се враќаат и во 2018 година носејќи ги сосебе сите оние карактеристики кои го направија овој мотоцикл толку успешен.

Следете нè на:

 

Именувани според регионот Ténéré кој се наоѓа во пустината Сахара, Super Ténéré и Super Ténéré ES нудат одлично возење како на улица така и офроуд. Компактниот 1,199 cc parallel-twin мотор кој е надополнет со шест брзинска трансмисија со голема леснотија ќе ви помогне да се искачите и спуштите од сите ридови кои ќе се најдат пред вас. Косата шасија како и нискиот центар на гравитација го прават овој мотоцикл исклучително лесен за возење.

tenere macedonia 14

Дизајн

Ми се допаѓа изгледот на Super Ténéré кој се разликува од останатите авантуристички мотоцикли. Има исправена положба на седење што возењето на подолги релации го прави многу поудобно. Можеби ќе го немате истото чувство како кај Goldwing или Electra Glide, но сепак, овој мотоцикл не е наменет за таков вид на возење.

Иако Super Ténéré е наменет за офроуд возење, сепак има свој лимит. Тој е опремен со додатоци како што се штитници за рацете како и суспензија наменета за авантуристички мотоцикли. Ми се допаѓаат и држачите за нозете. Висината на седиштето како и на ветробранското стакло можат  да се прилагодат. Кај седиштето, можете да ја промените неговата висина за неколку сентиметри, а доколку сакате да ја промените висината на ветробранското стакло, за тоа нема да ви треба алат што претставува дополнителна предност.

За повисоките возачи, постои можност да одберете мотоцикл чие што седиште е пониско за 2-3цм. А додека го разгледувате каталогот со додатоци, одберете си и торби бидејќи на овој мотоцикл има опција да закачите дополнителна опрема.

Super Ténéré доаѓа заедно со опцијата за контрола на патувањето како и двојни предни светла. Светлата се одлични и ви даваат дополнителна сигурност доколку возите навечер.

tenere macedonia 7

Шасија

Офроуд возачите веќе долго време ја слават челичната конструкција. Таа апсорбира дел од енергијата која од нерамниот терен се префрла на мотоциклот. Оваа енергија исто така влијае и на забрзувањето.

Yamaha со тоа што го смести моторот да биде дел од рамката, дополнително го намали центарот на гравитација. Тоа помогна во маневрирањето при помала брзина. Но тоа исто така овозможи и преместување на резервоарот за гориво подолу, што допринесе за дополнително спуштање на центарот на гравитација.

Алуминумската задна вилушка го држи задниот дел од мотоциклот. Таа исто така се користи и како кутија за преносот, а ова е направено со цел да се намали тежината на задниот дел.

19 инчното предно и 17 инчното задно тркало се опремени со модерни бандажи кои се одлични за офроуд возење и кои даваат дополнителна стабилност.

Системот за сопирање има одлични карактеристики, пред се ABS системот на Yamaha кој спречува да се закочи тркалото. Тука исто така улога има и „Unified Brake System“, кој го балансира сопирањето.

На крајот стигнавме и до единствената разлика помеѓу основната и ES верзијата, се разбира, покрај жолтата боја која ја има основниот модел. Иако и двата Super Ténéré модели имаат 43 mm, usd предна вилушка, ES ви овозможува со притискање на едно копче да ја прилагодите истата. Основниот модел ја има истата флексибилност со таа разлика што промената треба да ја направите рачно.

Моќност

Yamaha навистина му даде голема моќност на овој мотоцикл. Моторот со зафатнина од 1,199цц со водено ладење е одличен како за офроуд така и за возење по улица. Нерамномерните пулсирања и даваат на задната гума доволно време за да ги подобри перформансите доколку возите на помека површина.

Сопствениот „ride-by-wire“ систем на Yamaha обезбедува голем број на корисни додатоци. Yamaha Chip Control (YCC-T) ја контролира гаста со тоа што ја измазнува разликата помеѓу одговорот и побарувачката и се прилагодува според притискањето на гаста. Овој систем овозможува употреба и на Yamaha driver mode (D-Mode), кој пак доаѓа со два режими за испорака на моќта, мазен и силен. За крај „ride-by-wire “ системот се поврзува со сензорите на ABS сопирачките и спречува лизгање на тркалото.

Електрониката има свои предности но и маани, една од нив е сензорот за преносот, можеби се работеше за моделот кој го имавме на тест но покажувачот на брзината едноставно правеше грешки и му требаше повеќе време за да ја покаже точната брзина. Маана на која и тоа како и прогледавме низ прсти имајќи го во предвид целокупниот пакет.

Цена

Цената на Super Ténéré во Мото Азуро - увозникот на Јамаха за Македонија изнесува 14.560 евра додека пак на Super Ténéré World Traveler (моделот кој го возевме на тест), 16.020 евра.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.